Работилницата на тема “Учество на јавноста во процесот на планирање и донесување одлуки” се одржа на 7ми и 8ми октомври 2010 година во хотел “Сонце” во Скопје. Работилницата е реализирана во рамки на проектот „Европско партнерство за локалните Зелени Агенди” кој е финансиски поддржан од ИПА 2008 – програма за граѓанско општество: Поддршка на партнерски акции „Животна средина, Енергетска ефикасност, Здравство и заштита при работа” и проектот „Зелена Агенда како алатка за зачувување на природните вредности” кој е финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија во рамки на Програмата за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина. Учесниците на работилницата ги претставуваа следните општини од Македонија: општина Центар– Скопје, општина Радовиш и општина Гевгелија, општина Делчево и општина Вевчани, како и три здруженија на граѓани: „Еко-свест“ од Скопје, „ЦЕЛОР” од Радовиш и „Радио-аматерски сојуз“ од Гевгелија.
izvestaj-od-rabotilnica-7-8-okt-2010-skopje.pdf
written by aleksandra_k
