Apr 21

img_6229.JPGimg_6217.JPGimg_6209.JPGimg_6201.JPG

На 17 април (сабота), 2010 година, во хотел Макпетрол, Струга се одржа вториот состанок на Советодавното тело на Зелената Агенда во Македонија. На состанокот беа пристуни 4 членови на советодавното тело, односно г-дин Сашо Секуловски, претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Ардита Дема, извршен директор на ЗЕЛС, г-дин Беким Имери од канцеларијата на Светска Банка и г-дин Горан Малешевски, градоначалник на Општина Делчево и по еден претствник на трите организации кои го имплементираат процесот на зелената агенда во Македонија.  На состанокот беа презентирани активностите и резултатите од работата на Националната платформа на Зелената Агенда во Македонија во изминатиот период и од работата на трите организации Зелен Центар, Биосфера и Регионалниот центар за застапување.  На состанокот беше презентиран и новиот проект за продолжување на процесот на зелена агенда во Република Македонија, „Европско партнерство за Локалните зелени агенди“, финансиран од ИПА 2008 програмата за Поддршка на партнерски акции „Животна средина, енергетска ефикасност, здравје и заштита при работа“. На работната сесија за планирање на годишната програма на Советодавното тело на Зелената Агенда во Македонија, се дефинираа следните активности на Советодавното тело на зелената агенда и полето на делување на националната платформа на Зелената Агенда во Македонија.

written by aleksandra_k