Dec 16

 Во периодот од 8 до 12 Декември 2009 во Вевчани се работеше на снимање на материјал за партиципативното видео за Зелена Агенда -Вевчани. Во овој период членовите на работните групи од Вевчани заедно со претставници на Insight- small world action projects работеа на краток документарен филм за Зелена Агенда Вевчани. Искуството здобиено од овој проект ќе им користи на членовите на работните групи за во иднина.

Снимениот материјал ќе може наскоро да го очекувате, локацијата на филмот ќе биде објавена наскоро.

written by zelencentar

Nov 19

 Првиот состанок на Советодавно тело на Зелената Агенда се одржа на 02.10.2009 (петок) со почеток во 12.30 часот, во просториите на Клубот на новинари во Скопје. Цел на состанокот беше формирање на Советодавно тело на Зелената Агенда, кое има за цел да го промовира и презентира концептот на Зелена Агенда во Македонија пред релевантните институции, како на локално така и на национално ниво. Улогата на советодавното тело е да ги промовира стратешките развојни цели на Платформата за Зелената Агенда во Македонија и да помогне за имплементирање на концептот на Зелена Агенда во нови општини. На овој прв и иницијативен состанок ќе се дефинираат идните активности и насоки на делување на Советодавното тело на Зелената Агенда во Македонија. На состанокот беа поканети осуммината потенцијални членови на Советодавно тело на Зелената Агенда, како и по еден претставник од трите организации кои во моментот ја спроведуваат Зелената Агенда во Македонија.

zapisnik-od-inicijativniot-sostanok-na-sovetodavnoto-telo-na-zelenata-agenda-vo-makedonija.doc

written by aleksandra_k

Nov 19

Националната Платформа за Зелена Агенда во Македонија, со почеток од месец Мај започна да изработува и дистрибуира Електронски информативен билтен. Билтенот се дистрибуира еднаш месечно по електронски пат и има за цел да ги запознае релевантните субјекти со важните активности и случувања во рамки на процесот на Зелена Агенда во Македонија. Досега се подготвени и дистрибуирани 4 броја. Во првиот број, акцентот е ставен на запознавање со процесот на Зелена Агенда во Западен Балкан и спроведувањето на процесот на Зелена Агенда во Република Македонија, како и краток осврт за спроведувањето на процесот во секоја од трите (3) општини во Македонија и организациите кои го спроведуваат процесот. 

elektronski-bilten-br-1.pdf 

Вториот број на електронскиот информативен билтен е во знакот на подготовките и одржувањето на Националната Конференција, на тема  “Зелена Агенда –  резултати и можности за имплементација на процесот во други општини во Република Македонија”, која се одржа на 21 и 22 Maј, 2009 година во хотел „Макпетрол“, во Струга. 

elektronski-bilten-br-2.pdf

Третиот број на електронскиот информативен билтен ги промовираше активностите во месец јули и август, кои трите организации ги спроведуваа во рамки на процесот на Зелената Агенда во Македонија. 

elektronski-bilten-br-3.pdf 

Четвртиот број на електронскиот информативен билтен е посветен на имплементацијата на пилот проектите во сите три општини и видливите резултати кои се постигнати со спроведувањето на пилот проектите, како и задоволството кое го предизвикаа кај членовите на работните групи и на жителите на општините воопшто.

elektronski-bilten-br-4.pdf 

 

written by aleksandra_k

May 26

На 21 и 22 Maј 2009 во хотел „Макпетрол“, во Струга, се одржа Националната Конференција за ’Зелена Агенда’. Тема на конференцијата беше “Зелена Агенда –  резултати и можности за имплементација на процесот во други општини во Република Македонија”.

Конференцијата имаше за цел да обезбеди поголема видливост на процесите за Зелена Агенда и нивната иднина во Македонија, со помош на теоретско знаење и со практични примери.

Воедно, Националната конференција претставува резултат на достигнувањата од процесот на ’Зелена Агенда’ во трите општини - Вевчани, Битола и Делчево. Идејата беше да се промовира методот и резултатите, да се разменат искуствата и да се оценат можностите за имплементација на моделот во други заинтересирани општини во Македонија.

Конференцијата се одвиваше во два дела и тоа:

 21 мај 2009 (четврток) - Прв дел, Воведна сесија и Отварање на конференцијата од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање.

Потоа следае презентации: Вовед/ запознавање со ’Зелена Агенда’ на меѓународно ниво; Презентација на процесот на ’Зелена Агенда’ и Резултати од процесот на „Зелена Агенда во нашата општина“ - презентации од општините Делчево, Вевчани и Битола. Сесија ,,Што Milieukontakt International може да им понуди на општините,, .

Официјалниот дел заврши со отворена дискусија, каде што главниот збор го имаа градоначалниците и претставниците од општините. Присутните ги изразија своите позитивни коментари и волја за спроведување на процесот на Зелена Агенда и во нивните општини.

Втор дел: Посета на терен

Учесниците беа во посета на општина Вевчани, каде што од страна на градоначалникот на општина Вевчани г-дин Перо Илиески и  претставниците на ИО,, Крсте Јон,,  беа презентирани резултатите од процесот на ’Зелена Агенда’ во Вевчани, односно реконструкција на Вевчанските Извори и отварање на Туристички Информативен Центар во Вевчани.

На конференцијата беа поканети 16 општини и учествуваа 7 градоначалници, од кои 6 беа од нови општини, претставници од локална самоуправа од 14 општини и претсавници од НВОи од сите поканети општини. Присутни беа и претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање; Глобален Еколошки Фонд – Програма за мали грантови;

Претставници од националните електронски и пишани медиуми.

written by zelencentar

Mar 13

На 17.03.2009 година во салата за презентации на хотел „Милениум“ во Битола со почеток во 12.00 часот ќе се одржи средба со кандидатите за Градоначалник на општина Битола. Главното прашање ќе биде нивниот став кон процесот ЗЕЛЕНА АГЕНДА. На крајот на средбата ќе биде потпишана ДЕКЛАРАЦИЈА за соработка помеѓу кандидатите за градоначалник и Биосфера за заеднички залагања за спроведување на ЗЕЛЕНА АГЕНДА во општина Битола.

Настанаот има за цел да ги наметне прашањата од областа на животната средина во Агендата на кандидатите за Градоначалник на општина Битола и дејствувањето на политичките партии.

written by biosfera

Dec 29

Седмата годишна средба на здруженија на граѓани од областа на животната средина се одржа во х.Макпетрол – Струга, во периодот од 12 до 14 декември 2008 година. Темата на која се работеше оваа година беше Зајакнување на соработката на здруженијата на граѓани и државните институции – Основање на “Национална Зелена Платформа на Македонија“

Општа цел на годишните средби е зајакнување на капацитетите на граѓанските здруженија во Македонија активни во полето на животната средина (координативно дејствување на граѓанскиот сектор и неговиот придонесе кон креирањето на националните политики во областа на животната средина, како и активно учество во донесувањето на одлуките на национално и локално ниво)

На средбата имаше околу 40 претставници од здруженија на граѓани од областа на животната средина, претставници од релевантни владини институции и меѓународни претставништва во Македонија, како и претставници на медиумите.

Учесниците имаа право да учествуваат во работата на 6 работни групи, дефинирани од страна на организаторот и донаторите.

Една од работните групи беше “Креирање на политики на локално ниво (Модел на Зелена Агенда)“.

ga_sta44944_3.JPGga_sta44943_2.JPGga_sta44942_1.JPG

lista na ucesnici Grupa Green Agenda - NSM 2008

izvestaj NSM-WG -2008

izvestaj-wg-6-kreiranje-na-politiki___doc

izvestaj-wg-6-kreiranje-na-politiki___2.doc

izvestaj-wg-6-kreiranje-na-politiki___3.doc

written by aleksandra_k

Oct 21

Работните групи во рамките на спроведувањето на процесот Зелена Агенда во Битола полека полека привршуваат со чекорите во процесот и започнаа да размислуваат за креирање на првата верзија на Акциониот план.

Членови на работната група за еко туризам се вклучени во процесот на креирање Стратегија за туризам на општина Битола каде што имаат можност да ги претстават своите идеи.

Работната група за води како еден од приоритетите ја дефинира потребата од креирање алатки за неформална едукација за заштита и штедење на водата и водените ресурси.

Работната група за формирање Информативно едуцативен центар за одржлив развој креира тродимензионален модел на нивната идеја и визија.

Во оваа информација ви пренесуваме дел од нивните идеи.

 proekt1.jpg

Поглед од „Птичја перспектива на „Волвокс”

 

detski-park149.jpg

Детско игралиште

objekt_proba008.jpg

Зградата на инфо центарот со амфитеатар

 

camera-igralista001.png

Тениско игралиште

written by biosfera

Oct 08

sostanok Vevcani III инфоцентар1

Денес, 08.10.2008 год., во Вевчани беше презентирана програмата за работа на туристичкиот инфо центар. На презентацијата присустни беа претставници на работните групи ( кои работат на креирање на Зелената агенда во Вевчани), угостителски работници од Вевчани, како и претставници на ГЕФ-ПМГ и Milieukontakt International. По презентацијата беа разменети забелешки и разменети искуства, за што подобра презентација на Вевчани.

sostanok Vevcani II sostanok Vevcani I инфоцентар2

Пред презентацијата, членовите на ИО „Крсте Јон„ и Зелен Центар од Струга имаа работен состанок со претставниците на ГЕФ-ПМГ и Milieukontakt International, на кој беа презентирани резултатите од досегашните активности од спроведените чекори за креирање на Зелената агенда во Вевчани, како и за распоредот на идните активности.

written by zelencentar

Sep 23

p1050144.JPGp1050143.JPG

Со инсталација на 86 канделабери со натримови енергетско ефикасни светилки во централното градско подрачје во Делчево започна имплементацијата на проектот за енергетска ефикасност на Општина Делчево. На годишно ниво со замена на овие светилки општинскиот буџет ке заштедува околу  86724,00 денари и ке се намалува емисијата на СО2  за 13.149.60 Кг CO

Овој проект се реализира како прв приоритет од  процесот ЗЕЛЕНА АГЕНДА чии имплементартор  во Делчево е  невладината организација Регионален Центар за Застапување Делчево а партнер на проектот е Општина Делчево. Проектот за замена на канделабрите во централното градско подрачје е финансиран од Програмата за мали грантови на глобалниот еколошки фонд локална канцеларија Македонија. Покарај замена на канделабрите и светилките проектот предвидува и обука за 50 граѓани на Делчево и регионот за искористување на енергијата (ветер, сонце, вода) и користење на енергетско ефикасни мерки заради заштеда на енергија. Во рамките на проектот Регеионалниот Центар за Застапување и Општина Делчево имаат потпишано меморандум за соработка каде се предвидува финансиските средства од заштедената електрична енергија на новите канделабри да се реинвестира секоја година во замена на постојаните живини светилки со енергетско ефикасни.

written by rac_delcevo

Sep 23

На 22 септември во Делчево се одржа редовна средба на актерите на Зелена агенда Македонија. На средбата од  страна на организациите Био Сфера Битола, Крсте Јон  Вевчани и Регионалниот Центар за Застапување од Делчево кој се носители на процесот во Македонија  како и претставниците на Милеуконтакт Холандија за Македонија беа презентирани досегашните активности и резултати од процесот во овие три Општини и беа договорени следните чекори и активности. Заклучокот од оваа средба е дека процесот Зелена Агенда во Македонија напредува одлично и веке ги дава првите резултати и иницијативи. Во Дечево се заменуваат 86 светилки и следуваат други активности од областа на животната средина и културата, во Вевчани се средуваат Вевчанските извори со пристапни патеки и осветлување, во Битола турсистичките места и места за рекреација. Раководниот тим на зелена агенда како и локалните тимови во градовите се во фаза на преговори со донатори кој би се вклучиле во процесот во делот на имплементација на приоритетите кој се идентификуваат од процесот.

written by rac_delcevo